Марко Асенсио во
април го ангажираше Жорж Мендеш за нов агент и веднаш почнаа гласини за негово
заминување од Реал Мадрид. „Кралевите“ се отворени за продажба на Шпанецот, но до овој момент нема пристигнато конкретна понуда.
Медиумите сега
пишуваат за тивка војна помеѓу Реал Мадрид и Марко Асенсио.
Фудбалерот е обврзан
кон шампионот на Шпанија до 2023 година и нема ништо против следното лето да
замине беспари и да добие богат договор, кој очигледно Реал Мадрид не сака да
му го понуди во овој момент.
Но „кралевите“ не
сакаат да останат со празни раце, преферираат да го продадат играчот ова лето и
да заработат дестици милиони евра.
Реал Мадрид знае
дека Марко Асенсио сонува за настап на Светското првенство во Катар, но без
минутажа тешко дека играчот ќе добие повик од Луис Енрике па очигледно играат на оваа карта.
На првите два
натпревари од новата сезона, Марко Асенсио не доби ниту една минута, Шпанецот
не заигра ниту против Ајнтрахт Франкфурт во Суперкупот на Европа, ниту против
Алмерија на отварањето на новата сезона од Ла Лига.
Фудбалерот верува
дека одлуката не е од спортски карактер, односно Флорентино Перез е тој го му
наредил на Карло Анчелоти да го остави на клупата.