Бернардо Силва
останува топ трансфер цел на Чави, стратегот инсистира на ангажман на
Португалецот кого го гледа како идеален партнер на Падри на средината од
теренот.
Манчестер Сити
бара околу 100 милиони евра за услугите на фудбалерот, Барселона верува дека
може да го ангажира за 80 милиони евра, но зделката е прилично тешка и „каталонците“
ќе треба да најдат пари за реализирање на трансферот.
Медиумите од
Шпанија пренесуваат дека Жоан Лапорта и неговите соработници разгледуваат два
начини преку кои ќе го финасираат трансферот.
Првиот е продажба
на Френки де Јонг на Манчестер јунајтед или Челси за 80 милиони евра, но
Холанѓанецот до овој момент одбива да го напушти Камп Ноу.
Вториот начин е
да се продадат неколку фудбалери по „премиум“ цена како Сержињо Дест, Пјер
Емерик Обамејнаг и Мемфис Депај.