789
Јувентус не ја искористи опцијата да го откупи, па Алваро Мората во Атлетико Мадрид ја почна новата сезона, паралелно често има шпекулации за него, а последните се за интерес од Манчестер јунајтед.
Тој синоќа даде два гола и остави впечаток дека може да има одлична сезона.
„Навистина сакам да играм тука, возбуден сум што сум тука како и секогаш. Можам само да работам и да трчам за тимот на секој натпревар“, вели Мората.
Пофалби за него стигнаа и од Диего Симеоне кој исто така се надева дека Мората ќе остане.
„Не сум сопственик на клубот, тренер сум, не знам дали ќе остане, но денеска беше одличен, тој работи со голема понизност и се надеваме дека ќе продолжи со нас“, вели Симеоне.