Кристијано
Роналдо побара да замине од Олд Трафорд ова лето, Манчестер јунајтед одби да го
продаде напаѓачот, но ако се точни написите на медиумите од Англија, потегот
може да создаде проблеми.
Како што
пренесува Атлетик, Португалецот често сам јадел во кантината на „ѓаволите“ и
фрустрациите кои тој ги покажува за време на тренинзите и натпреварите им се
јасно видливи на сите.
Напаѓачот исто
така негодувал кога Ерик тен Хаг на тренинзите барал од него да игра пресинг и да притиска.
Во меѓувреме, МЕН
пишува дека во четвртокот на тренингот настанала голема расправија, весникот не
пишува која била причината и кои биле главните актери, но додава дека голем дел
од фудбалерите на Манчестер јунајтед се надеваат дека Кристијано Роналдо ќе го
напушти клубот и веруваат дека атмосферата во тимот значително ќе се подобри
доколку ЦР7 замине.