Челси доминираше во првото полувреме, одигра многу подобро, а со гол на Кулибали во 19. минута поведе со 1-0.
Најконтроверзниот момент се случи во 68. минута, не беше досуден чист фаул врз Хаверц, а во продолжение од акцијата Хојбјерг даде гол за 1-1. Можеше да биде досуден и офсајд бидејќи Ришарлисон го попречуваше видикот на Менди, но ниту тоа не беше свирнато.
Тогаш се случи првиот дуел меѓу Конте и Тухел крај аут линијата, за среќа беше само вербален.
Само девет минути подоцна Челси преку Рис Џејмс го врати водството на 2-1. Тухел го славеше погодокот со трчање крај аут линијата низ зоната на Тотнем и покрај Конте.
Кога се очекуваше дека Челси ќе го добие мечот, се случи гол за Тотнем, во 96. минута по центаршут на Перишиќ од корнер, Кејн погоди со глава за конечни 2-2.
По последниот судиски свиреж следуваше нов инцидент меѓу Конте и Тухел, овојпат беше и физички, па и двајцата добија црвени картони од судијата.