2,5K
Избраниците на Чави делуваа разиграно на подготовките, но Столе Димитриевски уште еднаш ги фрустрираше „каталонците“.
Откако на претходните два натпревари помеѓу Рајо и Барселона не прими гол, Македонецот и вечерва не дозволи неговата мрежа да биде затресена.
А и кога голманот беше совлада, дефанзивците расчитуваа, па Барса мораше да се помири со бод. Домаќините на крајот можеа да останат и со празни раце, но Тер Штеген фантастично реагираше, а потоа и голот на Фалкао беше поништен поради офасајд.