179
По две одлични
сезони во Интер, Ромелу Лукаку се врати во Челси во трансфер вреден 115 милиони
евра, но не се снајде на Стемфорд Бриџ и инсистираше да се врати во Милано,
дури прифати и намалување на платата.
Очигледно Серија
А му лежи на напаѓачот, па Ромелу Лукаку вечерва по само 80 секунди се запиша
во листата на стрелци и ја затресе мрежата на Лече.