Едни од најлошите 45 минути, Брентфорд му даде ЧЕТИРИ гола на Манчестер јунајтед! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Како поразот од
Брајтон на стартот од новата сезона да не ги освести фудбалерите на Манчестер
јунајтед, попладнево им се случува нов срам.

„Ѓаволите“ можеби
го одиграа најлошото прво полувреме, на гостувањето кај Брентфорд на пауза
заминаа со четири гола негатива.

Кошмарот почна со
лоша интервенција на Де Хеа и гол од далечина на Дасилва, потоа голманот лошо
предаде една топка а Јансен зголеми на 2-0. По половина час игра, Ми погоди за
3-0, а пет минути подоцна, по една пеколна корна, Мбеумо реализираше за 4-0.

Ова е само трет
пат во историјата Манчестер јунајтед да прими четири гола во првото полувреме,
откако претходно четири пати мрежата им ја тресеа Тотнем во 2020 и Ливерпул во
2021 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×