477
Барселона цело лето сака да се ослободи од Френки де Јонг, но Холанѓанецот досега упорно одбиваше да го направи тоа.
Манчестер јунајтед и Барселона имаа договор за висината на обесштетувањето, но Де Јонг го одби англискиот клуб.
Сепак „Спорт“ пишува за можен пресврт во ситуацијата.
Наводно, Френки де Јонг во соблекувалната на Барселона рекол дека може да замине во Манчестер јунајтед.
Фудбалерот бил многу разочаран од раководството и имал чувство дека тие го бркаат од клубот.