Барселона утрово објави дека се продадени нови 24,5% од „Барса Студиос“ за 100 милиони евра, но зделката наместо со ГДА Лума, е направена со „Орфеус Медиа“ која е во сопственост на пријател на Жоан Лапорта.
Останува да се види дали Ла Лига сега ќе даде зелено светло за регистрација на летните засилувања, но Жауме Рурес, кој по втор пат го спасува претседателот на „каталонците“ во последните 18 месеци, очекува Барса со најдобриот тим утре да истрча против Рајо.
„Не знам што уште треба за Барса да ги регистрира играчите, но знам дека оваа инвестиција од 100 милиони евра ќе биде доволна за утре да го видиме тимот што сите сакаме да го видиме“ – вели Рурес.
Запрашан дали на теренот ќе истрчаат Левандовски, Рафиња и Дембеле, тој додава: „Зарем мислите дека го прекинав одморот доколку сметав дека Барса нема да истрча со најдобриот тим?“