Стар пријател повторно го спасува Лапорта, продадени нови 24,5% од „Барса Студиос“ за да се регистрираат засилувањата

by
1 минути читање

„Каталонците“ ќе
можат да ги регистрираат новите засилувања, или барем некои од нив, откако
попладнево пристигна информација за продажба на нови 24,5% од „Барса Студиос“ за
100 милиони евра.

Откако зделката
со ГДА Лума се искомплицира и постоеше голем ризик „каталонците“ да ја започнат
сезоната без летните засилувања, на помош истрча стар пријател на Жоан Лапорта и падна договор со „Орфеус Медиа“.

Жауме Рурес, кој е сопственик на „Орфеус Медиа“, помогна и пред 18 месеци кога Жоан Лапорта беше „краток“ и немаше доволно пари да
ја достави потребната гаранција од речиси 125 милиони евра за официјално да
стане претседател на Барселона. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани