Невил наброја три сценарија за ситуацијата со Де Јонг, вели дека едно е ужасно за Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Френки де Јонг е
топ трансфер цел на Манчестер јунајтед ова лето, „ѓаволите“ од поодамна се
договорија со Барселона, но фудбалерот од средниот ред до овој момент одбива да
се пресели на Олд Трафорд.

„Доколку тој
навистина не сака да се пресели во Манчестер јунајтед, зделката ќе пропаднеше
уште пред некоја недела. Поради односот кој играчот го има со тренерот, сигурно
има некоја комуникација помеѓу двајцата и тој порачал, „чекај ме, ќе дојдам““

вели Гери Невил.

„Има три
сценарија. Првото, Де Јонг ќе пристигне и ќе испадне дека Манчестер јунајтед одиграл паметно и трпеливо“.

„Второто е дека
Де Јонг ќе остане во Барселона и целата ситуација ќе биде малку срамна за
Манчестер јунајтед поради тоа што фрлиле се на една карта, и не донеле
соодветна алтернатива. Ќе има дупка во тимот, ја започнуваат сезоната со Фред и
Мектоминеј“.

„Третото
сценарио, на ова не сакам ниту да помислам, Де Јонг се сели во ривал од
Премиерлигата и ќе игра против тренерот со кого соработуваше со години. Ќе биде
ужасно доколку заврши во Челси“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани