Рангник советувал фудбалер да не оди во Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

25-годишниот Калајџиќ на почетокот од преодниот рок се поврзуваше и со Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, но на крајот тие се одлучија за други напаѓачи.

Тој се поврзуваше и со неколку клубови од Серија А и Премиерлигата вклучувајќи го и Манчестер јунајтед.

Калајџиќ е австриски репрезентативец, па добил совет од својот селектор Ралф Рангник дека најдобро за него ќе биде да остане во Штутгарт и таму да продолжи да се развива.

Се верува дека доколку Рангник останеше советник во Манчестер јунајтед како што првично беше договорено, ќе се потрудеше трансферот на Калајџиќ да се реализира.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани