Жерард Пике нема
загарантирано место во тимот оваа сезона, но дефанзивецот можеби својата најдобра
партија ќе ја одигра надвор од теренот.
Како што пишува
АРА, Жерард Пике се откажува од дури 52 милиони евра за да и помогне на
Барселона да се отвори простор во сметката за плати и да можат да се
регистрираат летните засилувања.
Дефанзивецот прифати
намалување/одложување на платата кога беше кризата од ковид-19 пандемијата,
минатото лето прифати ново намалување/одложување со цел да се регистрираат
Мемфис Депај и Ерик Гарсија, па оваа сезона и следната треба да биде награден за
тоа што се жртвуваше.
Но со оглед на
тоа дека финансиската состојба на клубот останува проблематична, Жерард Пике е
подготвен одново да помогне.
Вчера се пишуваше
дека тој се понудил да игра беспари, Жоан Лапорта и неговите соработници му се
заблагодариле за гестот, но го известиле дека дури и да прифатат, ова не е
правно изводливо.