69
Хаким Зијеш е најголема ѕвезда во моментов на мароканскиот фудбал, но Халихоџиќ не го играше поради расправија со фудбалерот.
„Л’Екип“ пишува дека денеска започнале преговорите меѓу Халихоџиќ и претседателот на Фудбалската федерација на Мароко, Фузија Лукјае за раскин на договорот.
Лукјае пред неколку месеци вети дека Зијеш ќе се врати во составот, но очигледно Халихоџиќ нема намера да попушти и да дозволи други лица да влијаат на неговиот избор, па ќе мора да замине, но ќе си го зачува достоинството.
На Халихоџиќ нема да му биде првпат да избори пласман на Светско првенство со некоја селекција, а потоа да добие отказ, истото му се случи и со Брегот на Слоновата Коска и Јапонија. На Мундијал играше само со Алжир.