64
Според „Л’Екип“, односот меѓу напаѓачот и клубот е дотолку нарушен што не се верува дека тој повторно ќе заигра за ПСЖ.
Икарди минатата недела отишол на Ибица со неговата сопруга Ванда и нивните деца, а клубот соопшти дека не е во составот за воведното коло поради семејни причини.
Вистината е дека од клубот му соопштиле дека не сметаат на него и може да земе слободен викенд.
Сега тој е во Париз но тренира одделно од останатите, паралелно бара нов клуб каде би ја продолжил кариерата.
Се шпекулира дека Монца е силно заинтересирана за него и Адриано Галијани е во контакт со него и се труди да го донесе во својот клуб.