Манчини прогнозира: Милан, Интер и Јувентус се пред другите во Серија А

by
1 минути читање

Зборувајќи за „Газета дело Спорт“, Манчини ги даде своите размислувања за новата сезона во Серија А.

„Милан, Интер и Јувентус се пред сите други. Потоа мислам дека доаѓаат Рома и Наполи. Вистинскиот фудбал почнува, но росонерите летово покажаа дека се комфорни со составот кој го имаат. Го имаат Леао кој се уште може многу да напредува, а истото важи и за Тонали. Двајцата можат да бидат одлучувачко важни“, вели Манчини.

Тој иако Рома не ја става во кандидатите за Скудетото, има пофалби за неа.

„Дибала е одлично засилување, технички, не само емоционално. Ми се допаѓа оваа Рома многу, бидејќи развија своја игра и донесоа фудбалери кои одлично може да се вклопат во неа, како Матиќ и Вајналдум кои можат да внесат сила и баланс“.

„Мурињо е идеален тренер за да преземе ризик. Тој има искуство да води ваков проект. И се надевам дека во овој тим Заниоло ќе продолжи да напредува“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×