432
Модриќ во септември ќе наполни 37 години, минатата сезона ја одигра на највисоко ниво, Хрватот не гледа причина зошто и оваа сезона да не биде така.
„Не гледам ништо различно оваа година, отсекогаш сум велел дека годините не се важни, важно е како играте на теренот, тоа е најважната работа. Не ги гледајте годините, јас се чувствувам многу добро“, вели Модриќ.
„Тренерот знае дека сакам да играм, дека се чувствувам добро кога играм, јас сакам да го дадам максимумот за тимот од секој аспект. Светското првенство е на средина од сезоната и тоа не менува ништо, јас треба да бидам подготвен, да тренирам добро и да бидам на располагање на тренерот“.