Црвена звезда во првиот натпревар кој се играше во Белград, со 5-0 го победи Пјуник и уште тогаш беше јасно дека тие ќе бидат и вкупниот победник во овој дуел.
Денеска во Ерменија беа само рутински да ја завршат работата, така и беше, Црвена звезда дојде до нов триумф, овојпат од 2-0.
Канга во првото и Павков во второто полувреме беа стрелци на головите за Црвена звезда.
Лесно помина и Динамо Загреб на Адеми и Ристовски. Хрватите уште еднаш го победија Лудогорец, овојпат на Максимир со 4-2 и со вкупни 6-3 одат понатаму.
Адеми го одигра целиот натпревар, Ристовски настапи во првото полувреме и беше асистент на првиот гол за Динамо кој го даде Дрмиќ. Два погодока постигна Оршиќ, а еден беше дело на Петковиќ.
Бугарскиот тим овој натпревар го заврши со осум фудбалери откако дури тројца беа исклучени од игра, двајца со втор жолт картон и еден со директен црвен.
Динамо Загреб за противник во плејофот го има Бодо/Глимт, а Црвена звезда ќе игра против Макаби Хаифа.