Пријателот на Мане раскажа како потпишал за Баерн

by
2 минути читање

По трансферот на
Садио Мане во Баерн Минхен, „баварците“ потпишаа и со неговиот пријател Десире
Сегбе, кој ќе игра во вториот тим.

29 годишниот
напаѓач од Бенин сега раскажа како и тој завршил во Баерн и вели дека се
покажал и затоа му бил понуден договор, а не само поради тоа што е пријател на
Садио Мане.

„Бев на одмор со
Садио Мане кога лидерите на Баерн му се јавија да го потпише договорот. Па
заедно тргнавме во Минхен, јас едноставно му правев друштво на добар пријател
во важен момент од кариерата. Помеѓу медицинските прегледи, дискусиите во канцелариите
и слични работи, денот беше прилично напорен. Па на крајот од денот, седнавме и
на раат разговаравме со еден директор“
– раскажува Десире Сегбе.

„Ме праша што ќе
правам оваа сезона. Му објаснив дека во мојот договор има клаузула која ме
ослободува од обврските во случај на испаѓање во понизок ранг. Му кажав дека
сум слободен играч и дека ќе му покажам што умеам доколку ми даде топка. Тој се
насмевна и ме праша дали сум сериозен. Му одговорив дека сум сериозен. Па тој
го извади телефонот, разговараше со некого околу две минути и ми рече, „Имаш
тренинг за два часа, ќе видиме колку вредиш““.

„Потоа читав и
слушнав многу коментари како тоа Садио Мане го донел својот пријател во Баерн,
тоа не е точно! Секако, доколку не му правев друштво тој ден кога потпишуваше,
немаше да има ништо. Но јас со две недели напорна работа ги убедив луѓето во
Баерн. Знам дека името на Садио Мане продава, но Баерн не дава договори само за
да направи некого среќен. Особено не дава договор на две години!“

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани