Инсиње: Ми недостасува сè што е поврзано со Наполи

by
1 минути читање

Инсиње е само еден од столбовите кои го напуштија Наполи по крајот на минатата сезона, другите двајца се Кулибали и Мертенс, а веројатно ќе замине и Руиз.

„Добро ми оди во Торонто, го учам јазикот за полесно да се разбирам со луѓето, соиграчите и тренерот“, вели Инсиње.

„Ми недостасува сè што е поврзано со Наполи и кога ќе имам време дефинитивно ќе се вратам да ги видам пријателите, фамилијата. Го следам Наполи постојано“.

„Пријатно сум изненаден од МЛС бидејќи има многу добри услови, нови терени и многу убави стадиони“.

„Потребно е да бидете на високо физичко ниво бидејќи многу се трча. Лигата е добра и се надевам дека ќе се развива уште и ќе дојде блиску до Европските лиги“.

„Не можам да дочекам да почне новата сезона во Серија А и да можам да го следам Наполи бидејќи сум голем фан на Наполи и веќе средив се што треба да ги имам натпреварите на телевизија тука“.

„Им посакав среќа на соиграчите со кои се слушам. Гледајќи го трансфер пазарот мислам дека ќе биде одлична сезона. Не можам да дочекам да почне и да уживам гледајќи одличен фудбал“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×