„После Меси и Роналдо бев јас, сите големи клубови ме бараа“

by
1 минути читање

Џузепе Роси беше
еден од најперспективните играчи во Европа во својата генерација, на 17 години
потпиша за Манчестер јунајтед а на фудбалската сцена блесна во дресот на
Виљареал.

„Експлодирав во
сезоната 2010/11 во дресот на Виљареал, играв во континуитет и постигнав 32
погодока во Ла Лига и Европа Лига“
– раскажува Италијанецот.

„Во Шпанија,
после Меси и Роналдо бев јас. Сите големи клубови ме бараа“.

Џузепе Роси сепак
не успеа да направи врвна кариера, во октомври 2011 заработи тешка повреда, ги
искина вкрстените лигаменти на коленото и паузираше дури 557 дена.

Кога се врати на
терените повеќе не беше истиот играч, следуваа неколку нови повреди и долги
паузи па Џузепе Роси едвај и да играше фудбал и тоа во просечни клубови.

Во моментов тој е
без клуб откако му заврши договорот со СПАЛ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани