Икарди не е во плановите на новиот тренер на ПСЖ, Кростоф Галтие, па Адриано Галијани сака тоа да го искористи и да го донесе напаѓачот во Монца.
Тој синоќа беше запрашан од Спортмедиасет за тоа дали ќе го донесе Икарди.
„Не знам, не сакам да зборувам за трансфери вечерва. Ајде да видиме што ќе се случи“, изјави Галијани.
Се верува дека доколку немаше ништо, тој едноставно ќе демантираше дека се интересираат за Икарди, вака само ги подгреа надежжите на навивачите на Монца дека трансферот може да се реализира.
„Ние потпишуваме со фудбалери кои ја знаат Серија А бидејќи на другите им треба време да се прилагодат. Оваа сезона не смееме да си дозволиме да играме лошо, уште од самиот почеток“, вели Галијани.
Монца досега ги потпиша со Андреа Ранокија, Стефано Сенси (позајмица), Матео Песина, Марлон, Алесио Крањо, Андреа Карбони и Џанлука Капрари.