83
Барселона сака да
го продаде Де Јонг бидејќи големи им се трошоците за него, му должат пари, а и
цената на пазарот му е висока. Па со негова продажба клубот значително ќе
профитира и ќе може да ги регистрира новите засилувања.
Синоќа на мечот
со Пумас, Де Јонг одигра одлично, па по мечот едно од првите прашања за Чави
беа токму за овој фудбалер.
„Не знам што ќе
се случи со Френки де Јонг. До 31 август се може да се случи“, вели Чави.
„Тој знае што јас
мислам за него и знае што клубот сака и треба да направи. Се разбира дека јас
сметам на него, тој е одличен фудбалер“.