67
Маркос Алонсо
денеска не беше дел од тимот на Челси на гостувањето на „Гудисон Парк“ а по
крајот на натпреварот, Томас Тухел откри дека левиот бек побарал да замине па
затоа го пропуштил дуелот со Евертон.
„Маркос побара да
замине и ќе му ја исполниме желбата. Немаше никаква смисла да го пуштам да игра
денеска“ – рече тренерот на „сините“.
Маркос Алонсо подолго
време се поврзува со трансфер во Барселона, последните информации велат дека
Челси го понудил Шпанецот како и 70 милиони евра за да стигнат до услугите на
Френки де Јонг.
Сепак,
поверојатно е Маркос Алонсо да се пресели на Камп Ноу во засебен трансфер.