Дефанзивците во Бундеслигата уште се на одмор, 19 гола на 5 меча, најатрактивен ножичките на Бенсебаини (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На синоќешното отварање на новата сезона во Бундеслигата паднаа дури седум погодока, Баерн Минхен славеше со 1-6 на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт.

Очигледно дефанзивците во Бундеслигата уште се на одмор, па на денешните 5 натпревари од 15:30 часот имаше 19 погодока.

Фрајбург со 0-4 славеше на гостувањето кај Аугсбург, Борусија Менхенгладбах со 3-1 го совлада Хофенхајм, Маинц со 1-2 триумфираше кај Бохум, а Унион Берлин со 3-1 го доби градското дерби против Херта. Единствено на натперварот помеѓу Волфзбург и Вердер Бремен немаше победник, дуелот заврши со 2-2 и поделба на бодовите.

Најатраквиен погодок попладнево беше оној на Бенсебаини, дефанзивецот на Борусија Менхенгладбах погоди со ножички.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани