Ливерпул на Кревин Котиџ во Лондон отпатува како голем фаворит, но на крајот може да биде задоволен што дојде до бод.
Фулам имаше фуриозно отворање на мечот, го притисна Ливерпул, а тоа вроди со плод во 32. минута кога Митриовиќ погоди со глава за водство од 1-0.
Во 51. минута во игра влезе Дарвин Нуњез и внесе живост во играта на Ливерпул, почнаа да се редат шанси пред домашниот гол.
Во 64. минута по асистенција од Салах, Нуњез погоди со пета за израмнување на 1-1, тоа беше неговиот прв гол во Премиерлигата.
Но, Фулам брзо го врати водството, во 72. минута Ван Дајк го фаулираше Митровиќ во шеснаесетникот, судијата покажа пенал. Србинот погоди од белата точка и донесе водство за својот тим од 2-1.
На десет минути пред крајот Нуњез му врати на Салах со асистенција, а тој погоди за конечни 2-2.