89
Во второто коло
од квалификациите во Лигата на шампиони на реваншот помеѓу Фенербахче и Динамо
Киев, домашните навивачи се обидоа да удрат каде што најмногу боли, па од
трибините го извикуваа името на Владимир Путин.
УЕФА веднаш
отвори дисциплинска постапка и вчера беше одредена казната за „жолтите
канаринци“.
Фенербахче ќе
треба да плати глоба од 50.000 евра, како и делумно да го затвори стадионот
(најмалку 5.000 столчиња) на еден европски натпревар.