163
Марк Кукуреља стана најскапиот лев бек во светот на фудбалот откако Челси денеска го комплетираше неговиот трансфер вреден околу 74 милиони евра.
Шпанецот пред само 12 месеци пристигна во Брајтон за 18 милиони евра, и со една добра сезона во Премиерлигата за 4 пати ја зголеми својата цена.
Марк Кукуреља е продукт на школата на Барса, но никогаш не доби вистинска шанса на Камп Ноу. Прво беше испратен на позајмица во Елче, а потоа на позајмица во Хетафе, клубот од Мадрид во 2020 реши во целост да го купи левиот бек.