Лапорта објасни зошто Левандовски му ја „украл“ 9-та на Депај

by
0 минути читање

Барселона денеска го промовираше Роберт Левандовски, најзвучното име кое ова лето го засили клубот. Напаѓачот на теренот на Камп Ноу се појави во дрес со бројот 9, кој му припаѓа на Мемфис Депај.

Многумина ова го толкуваат како знак дека Холанѓанецот ќе го напушти клубот, а Жоан Лапорта објасни зошто се решиле на еден ваков потег.

„Клубот донесе одлука Роберт да го носи бројот 9, од аспект на имиџ и маркетинг, мислиме дека ова е правиот потег. Максимално го почитуваме Мемфис и верувам дека тој разбира“ – вели претседателот на Барсаелона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани