Пред една година Барса креираше земјотрес и соопшти дека Меси заминува, дали Аргентинецот може да се врати на Камп Ноу?

by
2 минути читање

На сите им беше
јасно дека Лео Меси нема вечно да биде дел од Барселона, но ретко кој очекуваше
разделбата да се случи под условите кои се случи.

Кога се чинеше
дека Аргентинецот ќе стави потпис на нов договор, Барселона на овој ден пред
една година креираше земјотрес и соопшти дека финансиските правила на Ла Лига
за фер-плеј не дозволуваат Лео Меси да продолжи и напаѓачот мора да замине.

Лео Меси со солзи
во очите им кажа збогум на „каталонците“, ги спакува куферите и се пресели во
ПСЖ. Неговиот договор со „светците“ е до јуни 2024, па Барселона сега повторно
сонува за настап на Лео Меси на Камп Ноу.

Жоан Лапорта и
неговите соработници најдоа начин како да ја подобрат финасиската состојба на
клубот, преку продажба на имот прибраа преку 600 милиони евра и „каталонците“
до овој момент имаат потрошено најмногу на трансфер пазарот и успеаја да ги купат Роберт Левандовски, Рафиња и Жил Кунде.

Амбициите одново
се највисоки, па Жоан Лапорта и Чави во неколку наврати изразија желба Лео Меси
да се врати и приказната да има поубав крај од тоа што го имаше.

Во моментов Лео
Меси се нема огласено, Аргентинецот целосно е фокусиран на две работи, односно
како на најдобар начин да ја започне сезоната со ПСЖ каде има промена на тренерот
и промена на формацијата, и во топ форма да пристигне на Светското првенство во
Катар.

Дури по
мундијалот во Катар, Лео Меси ќе почне да мисли на својата иднина и која опција
да ја одбера. ПСЖ сигурно ќе му понуди нов договор, Интер Мајами силно притиска
за негова преселба во МЛС па Аргентинецот ќе треба добро да размисли за следниот
чекор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани