Бернардо Силва
треба да е последното звучно име кое ова лето ќе пристигне на Камп Ноу, се
верува дека Барселона од поодамна начелно се има договорено со Португалецот, но
за да се случи трансфер, „каталонците“ прво треба да се ослободат од Френки де
Јонг.
Преговорите со
Манчестер јунајтед тапкаат во место, последните информации велат дека Челси сега
се обидува да го купи Холанѓанецот, но зделката е далеку од реализирање.
И додека се чека
решение за иднината на Френки де Јонг, од Франција пристигнува информација дека
ПСЖ се приклучува во трката за потписот на Бернардо Силва.
Зад оваа зделка
стои новиот спортски директор Луис Кампос, кој има одличен однос со Бернардо
Силва и неговиот агент Жорж Мендеш, и го купи својот сонародник во Монако.
Останува да се
види дали Бернардо Силва ќе го следи примерот на Рафиња, Роберт Левандовски и
Жил Кунде, кои трпеливо чекаа и одбиваа други понуди за да се преселат во
Барселона, или пак ќе се реши за авантура во Франција и настап покрај Лео Меси,
Нејмар и Килијан Мбапе.