По одличната
сезона во Шефилд јунајтед, Дин Хендерсон минатото лето се врати во Манчестер
јунајтед со ветување дека ќе има голема минутажа и конечно ќе добие шанса на Олд Трафорд да покаже што умее.
Сепак, Давид де
Хеа остана број 1 и Англичанец сезоната ја преседе на клупата за резерви.
„Одбив неколку
навистина добри понуди за позајмица минатото лето бидејќи ми беше ветена
стартна позиција“ – вели 25 годишниот Дин Хендерсон, кој минатиот месец повторно привремено ги напушти „ѓаволите“ и се пресели на
позајмица во Нотингем Форест.
„Бев фрустриран.
Да седам на клупата и да потрошам 12 месеци од мојата кариера, на оваа возраст,
тоа е криминал. Бев бесен“.
„Кога разговаравме,
ми беше кажано дека ќе бидам прв голман, но зборот кој ми беше даден не беше
испочитуван“.