Синоќа беше
објавено дека Пол Погба нема да оди на операција, фудбалерот од средниот ред се
решил за конзервативен третман на коленото. Французинот ќе биде надвор од
стројот околу 5 недели, наместо црните прогнози за пауза од 5 месеци.
Но ваквата одлука
не им се допадна на навивачите на Јувентус, кои на социјалните мрежи го
изразија своето незадоволство.
Тие сметаат дека
Пол Погба одлучил да не прави операција само за да настапи на Светското
првенство во Катар, и потоа во првата прилика ќе замине под нож и ќе го остави
Јувентус на цедило.
„За нас
навивачите на Јувентус, ова е најлоша вест. Ќе одигра неколку натпревари во
првенството за потоа да може да настапи на Светското првенство, и веројатно
потоа ќе оди на операција. Јасно е дека фокусот му е на мундијалот, Јувентус му
е во втор план“ – се вели во еден коментар.