Падна договор, Вајналдум ќе биде нов фудбалер на Рома

by
1 минути читање

Џиџи Ванјалдум во следната сезона ќе игра на позајмица од ПСЖ во Рома.

Најголемиот дел од преговорите се водеше за платата на Вајналдум. Тој во ПСЖ добива околу 10 милиони евра, Рома ќе му плаќа дел од таа сума, дел ќе биде трошок на францускиот клуб, а се верува дека и самиот фудбалер се има откажано од некој милион за да се случи трансферот.

Вајналдум денеска треба да отпатува во Рим каде ќе ги помине медицинските прегледи и ќе го потпише договорот со Рома.

Тој ќе биде уште едно мега засилување за Жозе Мурињо по доаѓањето на Пауло Дибала.

Со заминувањето на Вајнладум, ПСЖ планира да го комплетира ангажманот на Ренато Санчез кого го ставија на чекање.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани