Ристовски и Адеми со победа се враќаат од Бугарија, Динамо го победи Лудогорец

by
1 минути читање

Бугарскиот тим доживеа студен туш уште на самиот старт од мечот. Во 6. минута Периќ даде гол за 1-0, а три минути подоцна веќе беше 2-0 за хрватскиот тим откако Падт си даде автогол.

Лудогорец во 22. минута преку Текпетеј успеа да намали на 2-1, но тоа беше и конечниот резултат на натпреварот.

Македонските репрезентативци, Аријан Адеми и Стефан Ристовски беа стартери на мечот и го одиграа целиот натпревар.

Во останатите натпревари, Викторија Плзен со 2-1 славеше кај Шериф, Монако и ПСВ Ајндховен одиграа нерешено 1-1.

Ројал Унион со
2-0 славеше против Ренџерс, а најубедливата победа ја забележа Бенфика,
„орлите“ со хет-трикот на Рамос стигнаа до триумф од 4-1 над Митјиланд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани