Арон Ремзи
пристигна како големо засилување во Јувентус, но Велшанецот малку прикажа во
Торино, за тоа колку беше лоша авантурата говори фактот што „старата дама“
мораше да му плати нешто над 3 милиони евра за ова лето да го напушти клубот.
Фудбалерот од
средниот ред брзо најде нов ангажман, доцна синоќа Ница потврди дека го ангажирала Арон
Ремзи.
Интересно, за
Ница, Арон Ремзи како да не играл во Јувентус, клубот од Азурниот Брег состави
видео компилација за да се пофали со новото засилување и во него имаше само
мајстории на фудбалерот во дресот на Арсенал.
The day had started well, so why not finish it well with the teaser for another programme… pic.twitter.com/PAJ8GipTck
— OGC Nice @ogcnice_eng) August 1, 2022