146
ПСЖ брзо ги менува тренерите, не им дава многу шанса. Има и такви како Тухел и Анчелоти кои со францускиот клуб не ја освоиле Лигата на шампионите, но откако заминале од таму го направиле тоа.
Последен кој доби отказ е Маурисио Покетино.
„Има клубови како Манчестер Сити и Ливерпул кои имаат големи проекти. Во ПСЖ го освоивме првенството без проблем, но изгубивме од Реал Мадрид во Лигата на шампионите и знаевме дека ќе има проблем“, вели Покетино.
„Во Сити му веруваат на тренерот седум години, а во ПСЖ очекуваат да го освоите пехарот од ЛШ преку ноќ. Тие се опседнати со тој трофеј“.