Ериксен открива: Разговарав и со Ван Гал, Мурињо и Солшер

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед во минатото често се поврзуваше со Ериксен, но ова лето го договори данскиот фудбалер.

„Зборував со секој тренер кој беше во Манчестер јунајтед, но тогаш бев во Тотнем и навистина не можев да се видам себеси во друг англиски клуб во тоа време. Затоа заминав во странство, во Интер“, вели Ериксен.

Запрашан дали тоа значи дека имал контакт со Ван Гал, Мурињо и Солшер, Ериксен потврди: „Да. Зборував, но не беше вистинско време за трансфер, како што реков бев во Тотнем и тогаш бев решен дека ако заминувам ќе одам надвор, и отидов во Интер“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани