86
Откако го
продадe Олександр Зинченко на Арсенал, Манчестер Сити тргна по потписот на
Марк Кукуреља од Брајтон и понуди 30 милиони фунти.
Брајтон експресно
го одби предлогот и постави цена од 50 милиони фунти. И додека двата клуба се
обидуваат да пронајдат компромис, неколку извори пренесуваат дека Челси се приклучил
во битката.
„Сините“ го
известиле Братојн дека се подготвени да платат 50 милиони фунти и во моментов
се главен фаворит со оглед на тоа дека Манчестер Сити нема намера да понуди
повеќе од 40 милиони фунти.