77
Манчестер јунајтед се договори со Барселона, но не може да се договори со Де Јонг, ставот на фудбалерот е дека тој сака да остане на Камп Ноу.
Барселона му должи сериозни милиони на Де Јонг, па тој сака да остане и да си го наплати долгот.
Според „Дејли Мејл“, Манчестер јунајтед ќе се обиде уште еднаш, ќе му ја достави и последната понуда на Де Јонг која е „земи или остави“.
Ако Холанѓанецот ги одбие и овојпат, тие ќе се насочат кон други цели.
Се верува дека со новата понуда Манчестер јунајтед е подготвен да му ги даде и парите кои му ги должи Барселона.