Погба заработи повреда за време на тренинг во САД, тестовите покажаа дека се работи за повреда на менискус на десното колено. Помина една недела отогаш, а се уште не е донесена одлука како ќе се лекува повредата.
Според италијанските медиуми, Погба не може веќе да одолговлекува, денеска ќе биде во Лион да се сретне со професорот Коте кој важи за голем медицински стручњак. Тој треба да каже дали коленото ќе мора да се оперира или не.
Доколку одлуката зависи од Погба, тој не би заминал на операција, би направил се за да биде дел од Светското првенство.
Погба е во контакт со медицинскиот тим на Јувентус и на француската репрезентација и внимателно се разгледуваат опциите за неговата ситуација.
Доколку повредата мора да се санира со итна операција, тоа ќе значи дека Погба и дефинитивно го порпушта Светското првенство во Катар.