По пријателскиот натпревар помеѓу Реал Мадрид и Јувентус, Карло Анчелоти беше запрашан што преферира повеќе „рокенрол“ односно младото трио составено од Камавинга, Чуамени и Валверде, или класика односно ветераните Касемиро, Крос и Модриќ.
Стратегот одговори дека е фан и на рокенрол и на класика и откри дека има специјален прекрас за Касемиро, Тони Крос и Лука Модриќ и ги вика Бермудски триаголник.
„Касемиро, Крос и Модриќ ги викам Бермудски триаголник бидејќи топката исчезнува кај нив“ – рече тренерот на Реал Мадрид со насмевка на лицето.
Ancelotti: “I call Kroos, Casemiro & Modric the Bermuda triangle because the ball disappears there.” Ancelotti wasn’t joking https://t.co/TORAIw666c
— Moe for MORE (@Moe_thegreatt) July 31, 2022