Ливерпул го освои Комјунити шилд трофејот, деби гол на Дарвин Нуњез (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Во натпреварот кој е увертира пред почетокот на сезоната Ливерпул го победи Манчестер Сити со 3-1. Јирген Клоп првпат го освојува овој трофеј, а црвените последен пат на него се имаа израдувано во 2006 година.

Дарвин Нуњез иако одигра половина час, а Ерлинг Халанд цел натпревар, Уругваецот беше тој кој имаше подобро деби во англискиот фудбал, постигна гол за разлика од Норвежанецот кој двапати промаши во првото полувреме, и еднаш во самиот финиш од мечот кога од идеална позиција го префрли голот.

Резултатот го отвори Трент Александер Арнолд во 21. минута, Ливерпул поведе со 1-0.

Тој резултат беше актуелен до 70. минута кога Алварез го постигна својот деби гол за Сити за израмнување на 1-1.

Во 93. минута беше досуден пенал за Ливерпул поради игра со рака. Салах постигна гол од белата точка и го врати водството на својот тим.

Кога се чинеше дека со тој резултат ќе заврши мечот, Дарвин Нуњез постигна гол со глава во 94. минута и ги постави конечните 3-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани