111
По долги
преговори, Клуб Бриж и Милан конечно се договорија за трансфер на Шарл Де
Кетеларе вреден 35 милиони евра.
21 годишниот
офанзивен фудбалер од средниот ред денеска треба да пристигне во Милано и до
понеделник да ги помине редовните лекарски прегледи и да стави потпис на договорот.
Новинарот Џанлука
Ди Марцио сега открива дека Златан Ибрахимовиќ имал улога во трансферот на Шарл
Де Кетеларе.
Имено, агентот на
фудбалерот, Том де Мул е поранешен соиграч на Златан Ибрахимовиќ од Ајакс, па преку
заеднички пријатели, стапил во контакт со Швеѓанецот.
Том де Мул
побарал од Златан Ибрахимовиќ да го земе Шарл Де Кетеларе под своја закрила и
да му помогне за брза и добра адаптација во Милан.