Медиумите пишуваат дека Барселона мака мачи да го убеди Де Јонг да замине, покрај Лапорта, и Чави го убедувал дека треба да си оди, но фудбалерот одбива.
На Барселона и се потребни средства да ги регистрира новите засилувања, а од Де Јонг може најмногу да заработи.
Сепак, Лапорта вели дека тие сакаат тој да остане.
„Првата работа која сакам да ја кажам е дека ние сакаме Френки да остане во Барселона и тој го сака тоа“, вели Лапорта.
„Тоа што го правиме со Френки е истото како и со останатите во составот, но ние не можеме да го присилиме да ја намали платата. Тоа е негова одлука“.
Лапорта беше запрашан дали може категорично да потврди дека Де Јонг не сака да се пресели во Манчестер јунајтед? Претседателот на Барса рече:
„Во фудбалот никогаш не се знае. Се зависи од различните страни. Јас можам да кажам дека има голема можност тој да остане и јас ќе го дадам најдоброто од мене за тој да остане во Барселона“.