73
Конте во Тотнем дојде во текот на минатата сезона, па за првпат ова лето го подготвува тимот од почеток.
На почетокот од подготовките се појавија видеа и слики од фудбалерите на Тотнем како паѓаат на тренинзите и не можат да ги издржат. Па италијанскиот стратег денеска беше запрашан зошто се такви неговите методи.
„Моите интензивни тренинзи? Јас мислам дека тие се нормални. Сметам дека фудбалерите не треба да одат на терен и да се забавуваат во овој дел од подготовките, треба да стекна најдобра можна кондиција и да избегнат повреди. Поради тоа потребни се тренинзи со висок интензитет. Треба да притискаме многу напорно до ноември, бидејќи фудбалерите ќе бидат уморни по Светското првенство“, вели Конте.