Во елиминационата фаза на патот до финалето тие ги поминаа Челси, ПСЖ, Манчестер Сити, на последниот меч беа подобри од Ливерпул и го кренаа големиот трофеј.
Во интервју за УЕФА, Винисиус вели дека клучниот момент на сезоната бил пресвртот против Манчестер Сити со двата гола на Родриго.
„Некои натпревари стануваат емоционален ролекостер и ние знаеме како да ги свртиме во наша полза. За две минут, Родриго влезе и даде два гола кои не однесоа до финалето. Тоа беше најважниот момент на ова натпреварување, натпреварот против Сити“, вели Винисиус.
„Тоа е ДНК на овој клуб и овој дрес секогаш да знае како на големи натпревари. Имаме фудбалери кои знаат како се играат натпревари во Лигата на шампионите“.
„По сите тие натпревари беше фер ние да победиме во финалето. Играм фудбал повеќе од 15 години и никогаш не знаеш кога ќе играш финале, па сакав да уживам во моментот колку што е можно повеќе“.
Бразилецот беше херој против Ливерпул, тој го постигна единствениот гол.
„Чувството беше неповторливо. Само оние кои постигнале гол на ваков натпревар во Лигата на шампионите можат да го разберат тоа чувство. Тоа е неверојатно. Не знаеш како да го опишеш, како да го кажеш, нема начин да се објасни“.
„Само оние кои живеат фудбал и кои поминале низ такви емоции како ние минатата сезона, знаат колку е важно и колку сме среќни“.
Винисиус вели дека има голема помош од Бензема.
„Секогаш е важно да имаш влијание на мечевите и Карим секогаш ми вели да бидам храбар. Треба да шутнеш за да дадеш гол или да додадеш за да асистираш. Ако не, држи ја топката. Нашата конекција беше многу добра, заедно победивме на многу натпревари“.