Според „Скај Спорт Италија“ единствена пречка за реализација на трансферот останува уште како ќе биде поделена платата на Вајналдум во годината кога тој ќе биде на позајмица во Рома.
Основите работи се веќе договорени, тоа треба да биде едногодишна позајмица со опција за купување следното лето за 10 милиони евра, што ако се исполнат одредени услови може да стане и обврска за купување.
Последните информации велат дека основната плата на Вајналдум за следната сезона во ПСЖ изнесува 7 милиони евра и Рома нема намера да ја подмири таа сума во целост.
Се преговара половина од платата да ја даде ПСЖ, односно 3,5 милиони евра.
Вајналдум не е во составот на ПСЖ за следниот пријателски натпревар кој ќе биде во Израел, тоа е уште еден знак дека преговорите се движат во добра насока за Рома.