Де Лихт вели дека во Јуве дошол да го игра стилот на Сари, а не тој на Алегри

by
1 минути читање

Де Лихт во Јувентус пристигна за огромна сума, одигра три сезони и замина во Баерн Минхен. 

Сега откако е во Баерн Минхен, Де Лихт се отвори и проговори против италијанскиот стил на игра, вели дека тоа не е тоа што тој го сака.

„Тоа е комплетно различен стил на одбрана. Во Ајакс притискавме високо, преземаме ризици, во Јувентус повеќе гледаш што е зад тебе“, вели Де Лихт.

„Во Италија брзината на лигата исто така е малку поспора. Тие освоија четири Светски првенства со тој стил на игра, и комплетно ги разбирам што мислат дека тоа е вистинскиот начин на игра“.

„Јас дојдов во Јувентус со идеја да играм поофанзивен фудбал бидејќи Сари беше тренер и тој има навистина добро име во светскиот фудбал, играше неверојатен фудбал со Наполи и Челси. Очекував повеќе од стилот на Ајакс да има во Јуве, но за жал тој ми беше тренер само една година“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани